Categories: Настани

Darko Dimitrovski

Share

Државниот студентски дом ,,Браќа Миладиновци” Штип, во периодот од 29 до 31 мај 2026 година, во хотел „Десарет“- Охрид учестваше на XXXII Домијада 2026, традиционална спортско-културна манифестација на ученичките и студентските домови од Македонија.

Нашите домци се натпреваруваа во повеќе дисциплини: мал фудбал, пинг-понг, шах, а зедоа учество и во ликовна колонија и тркалезна маса.

Девојките се вратија со освоено второ место во мал фудбал, а останатите со безброј спомени од дружбите што ќе ги паметат!✨️