
Студентскиот дом Брака Миладиновци – Штип во периодот од 30 мај до 1 јуни учествуваше на 31та ДОМИЈАДА во хотел Дрим во Струга во организација на Здружението на ученички и студентски домови на Република Македонија. Под мотото „Пријателства без граници, иднина без ограничувања“ ДОМИЈАДАТА собра над 300 учесници и гости од земјата и странство, вклучувајќи претставници од Турција, Бугарија, Хрватска, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и други.
Во рамки на настанот се одржаа спортски натпревари во повеќе дисциплини, во кои нашите средношколци и студенти се закитија со 4 пехари и тоа во следниве дисциплини:
1 место во мал фудбал- средношколци
1 место шах- студенти
2 место- пинг понг – средношколци
3 место- шах средношколци
Во таа мотивирачка средина имавме можност за дружење,натпреварување, размена на искуства, стекнување нови пријателства и продолжување на соработката со останатите домови ширум Балканот.
Со почит,
Гордана Барбашка
Директор на ДСД ,,Браќа Миладиновци”- Штип








