Примарна задача на домот е реализирање на воспитно образовните цели. Како учениците успешно и правовремено би го завршиле образованието и би се оспособиле за занимањето што го избрале. За реализација на спомнатите цели потребно е вработените во домот да се заложат на учениците на им осигурат пристојни животни, работни и педагошки услови за реализирање на задачите.
Општата воспитна цел ги одредува воспитните задачи кои се исти за сите ученички домови а тие се:
- чување и унапредување на здравјето ( физички развој, хигиена, култура на живеење, здравствено просветување на учениците во услови на Ковид 19 со почитување на сите препораки од Министерството за здравство);
- социјализација и емоционален развој (емпатија);
- интелектуален развој (поврзано со учењето);
- унапредување на животот во домот (дружење, посебни интереси, општествено опркужување, еколошко воспитување);
- соработка (комуникација во домот, соработка со институциите надвор од домот, информираност…);
- култура на живеење ;
- адаптација и социјализација;
- превенција;
- креативен развој;
- посебни потреби на учениците;
Воспитно образовната работа во домот треба да обезбеди правилно психо-физичко созревање на младите луѓе, а тоа опфаќа психо-физичко здравје, развој на интелектуалните способности и усвојување на нови знаења, култура на однесување,естетски вредности, морални норми, хуманост, толеранција, позитивни односи према природата и околината и во животот во целост, одговорност…