Објектот на ДСД “Браќа Миладиновци”- Штип се состои од два дела( стар и нов дел). Стариот дел од домот датира од 1930г. Новиот дел од 1965г. Домот од 1965 до 2007г. работи како ученички дом. Со одлука на владата на Р.Македонија(бр.на одлука 19-5226/1 од 29.08.2007г.) се потврдува основање на Државен студентски дом “Браќа Миладиновци”- Штип.
Домот е дел составот на високото образование на Р.М. за потребите на Универзитет “Гоце Делчев” – Штип. Домот е самостојна установа запишана во евиденцијата на установи кои ги води МОН. Домот е наменет за студенти и ученици кои се школуваат и студираат во Штип.
Основна дејност на домот е сместување на студенти и ученици кои се школуваат надвор од местото на живеење.
- реализирање на програма за сместување и исхрана на студентите и учениците;
- остварување на културни, уметнички, спортски активности на учениците;
- реализирање на воспитно-образовна работа со учениците;
- организирање на креативно користење на слободното време на учениците;
- грижа за психо-физичкото здравје на учениците;
Делот на дејноста со учениците спаѓа во ученичкиот стандарт и со него е и програмски поврзан.
Програмирањето на воспитно-образовната работа на домот е со согласност со програмата за воспитна работа на ученичките домови во Р. Северна Македонија.