admin

Share

Примарна задача на домот е реализирање на воспитно образовните цели. Како учениците успешно и правовремено би го завршиле образованието и би се оспособиле за занимањето што го избрале. За реализација на спомнатите цели потребно е вработените во домот да се заложат на учениците на им осигурат пристојни животни, работни и педагошки услови за реализирање на задачите.

Општата воспитна цел ги одредува воспитните задачи кои се исти за сите ученички домови а тие се:

  • чување и унапредување на здравјето ( физички развој, хигиена, култура на живеење, здравствено просветување на учениците во услови на Ковид 19 со почитување на сите препораки од Министерството за здравство);
  • социјализација и емоционален развој (емпатија);
  • интелектуален развој (поврзано со учењето);
  • унапредување на животот во домот (дружење, посебни интереси, општествено опркужување, еколошко воспитување);
  • соработка (комуникација во домот, соработка со институциите надвор од домот, информираност…);
  • култура на живеење ;
  • адаптација и социјализација;
  • превенција;
  • креативен развој;
  • посебни потреби на учениците;

Воспитно образовната работа во домот треба да обезбеди правилно психо-физичко созревање на младите луѓе, а тоа опфаќа психо-физичко здравје, развој на интелектуалните способности и усвојување на нови знаења, култура на однесување,естетски вредности, морални норми, хуманост, толеранција, позитивни односи према природата и околината и во животот во целост, одговорност…