admin

Share

Паралелно со сите споменати активности нема да се запостави и физичкото образование како составен дел на Програмата од причини што овој сегмент од воспитно-образовниот процес со добра мера е со второстепено значење и во училишните програми, а интересот на учениците за овој вид активност е намален во однос на претходните години.

Програмските содржини од ова воспитно подрачје, од оправдани причини не ќе може да се реализираат во практика, бидејќи Домот не располага со соодветен простор за реализирање на активност кога се во групните спортски натпревари, со исклучок на дисциплинте на шах и пинг-понг.

Во секој случај ќе се направат напори соодветен број програмски содржини да бидат реализирани, во колку за тоа имаат разбирање одговорните во училиштата чии што простории ги користиме за активности од споменатиот вид.

Радува фактот што интересот за овој вид активности кај машката популација не е опаднат, така што може да се очекува дека на тој план активности нема да изостанат.