
Раководен од хетерогениот состав на 1 воспитната група во смисла на возраст и разнообразност при изборот на струките, напоменувам дека групата ја сочинуваат 26 ученика што посетуваат 4 (четири) средни стручни училишта и се од сите години, а групата е хетерогена (женски и машки) .Сместени се во спални соби ,7 и 8 приземје 11 први спрат и 35 трети спрат во новата зграда.
Учениците во текот на работниот ден посетуваат настава во 3 смени (1-ва, 2-ра и меѓусмена кога посетуваат практична настава), па од тие причини со подобриот дел од нив во текот на учебната 2023 /2024 година ќе се работи претежно индивидуално може и групно ,соба по соба,по 6 ученика во група.
Приоритет за работа со домците оваа година,а посебно со учениците ке биде ставена на воспитната компонента и примерното однесување во Домот и во Училиштата каде што посетуваат настава.Ке се разговара за активирање во групи каде ке се организираат хумани акции за помагање на ранливи категории,на ученици и студенти.
Ковид мерките се наметнуваат и во оваа учебна година за дискусија со сите ученици од сите воспитни групи,ако повторно се појави ,повторно со режим за дезинфекција и правци на движење и однесување во просториите на домот ,секако и нови наредби и препораки кои ке бидат дадени од МОН.
Презафатеноста во текот на работните денови ќе биде причина одделни програмски содржини (помалку релевантни) да бидат презентирани во скратена верзија како би биле во состојба поголемо внимание да посветиме на приоритентната проблематика што со својата актуелност се наметнува како многу значајно.Посебно внимание се обрнува на здравствената состојба на домците со појава на најмал симптом на нивно нарушено здравје.
Ке се разговара со оние ученици што во домот се примени оваа учебна година, а во претходните години покажале неодговорен однос и непримерно однесување и биле опоменувани и казнувани од одговорните воспитувачи и советот на воспитувачи исто така.