
Иако домот е наменет за студенти домот не престана да работи со ученици така што од вкупниот капацитет на домот три четвртини од кориниците во домот се ученици. Со тоа секундарната дејност станува примарна дејност на домот.
Домот е наменет за студентите и учениците што студираат и учат при УГД – Штип и во средните стручни и уметнички школи. Со педагошки стандарди се утврдуваат основните услови и мерила за реализирање на воспитната програма во домовите. Истите треба да придонесат :
- успешна реализација на целите и задачите на воспитно образовните планови и програми;
- подигнување на квалитетот на воспитувањето и образованието и културата на живеење;
- јакнење на воспитната улога на домот и неговите културни и општествени дејности;
- воведување на современи воспитни техники во воспитно образовната работа ;
- создавање на поволни услови за слободни активности на учениците;

Со водедување на воспитно образовните дејности Домот придонесува во развојот на индивидуалниста на секој поединец и неговите квалитети, а притоа неговата примарна улога стекнување на средно стручно образование се проширува за грижа за телесно здравствената состојба на ученикот и нивните спортско рекреативни и културно забавни потреби.
Воспитно- образовниот процес во домот вклучува постојано следење на ученикот, разговори, анализирање, постојан ангажман на сите учесници во воспитно-образовниот процес (измени, надополнувања, унапредување, вреднување…).