
МИСИЈА: Нашата мисија во животот не е да го промените светот- нашата мисија е да се промениме ние самите во позитивна смисла.

ВИЗИЈА: Многумина мислат дека сништата се големите планови, изумите и набоите на креативна енергија резервирани за други и дека тие не се за обичните луѓе со обични занимања. Обичните семејства со обични меѓучовечки односи. Меѓутоа визијата како и храброста и дисциплината претставуваат карактерна црта која може да се развие во секој што тоа го сака, но услов е да се потдрудеме тоа да ни биде составен дел од секојдневниот живот. Визијата е способност да се воочат можните решенија за секојдневните проблеми во животот и затоа треба да се свртиме кон пронаоѓање на решенија, а не према пронаоѓање тешкотии и проблеми.
Визијата на ДСД “Браќа Миладиновци”- Штип е пред се да се вложат максимални напори во планирањето и реализирањето на сигурносни просторни и материјални услови кои на студентите и учениците ке им овозможат сестран и непречен раст и развој, детектирање и мотивирање на сите нивни потенцијали јакнејќи ги и спремајќи ги за поманатошниот живот.