admin

Share

Развојот на интелектуалните способности, изградување на креативно мислење, развојот на помнењето и фантазијата се заложби преку кои ученикот ќе се оспособи да ја бара и открива вистината, а со тоа и да формира одговорен однос кон неа. Целта на ова воспитно подрачје уште подразбира постојано поттикнување на мотивацијата за учење, интелектуално творештво и самообразование.

Определбата за постигнување на вака поставената цел, пред воспитната група, би била само добро замислена активност или поточно речено идеализирана замисла доколку активноста не се насочи кон развој на мотивите за проширување и продлабочување на образовната култура, насочување на најразлична додатни односно дополнителни активности. ученикот сам да го пронајде патот кон решавање на проблемите од интелектуалната сфера. Одговорот на вака поставените задачи во краен случај ќе биде показател на вкупниот ефект на воспитно – образовната дејност.