admin

Share

Досегашната практика упатува на заклучокот дека образовната компонента често се запоставува наспроти воспитната кога во многу случаи доминира најчесто на нереална подлога од причини што учениците во многу случаи не се во состојба благовремено да се приспособат на новонастанатата ситуација.

Токму поради тој факт во Програмата ќе доминираат содржини од веќе споменатите подрачја (воспитно,здравственото,интелектуалното и работното воспитување).

Граѓанското воспитување, поточно програмските содржини од оваа област ќе бидат предвидени и застапени соодветно затоа што времето во кое живееме неминовно ја наметнува потребата од едуцирање на учениците и нивно непречно вклучување во глобалните трендови и интегративните процеци во светски размери.

Ќе се негуваат духовните вредности на најголемите умови на човештвото, хуманите односи меѓу поединците и групите; демократските процеси и правото на сопствен избор, моралните вредности итн.